Не смее да ви нудат и рекламираат на телефон или адреса без ваша согласност


Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, личните податоци можат да се обработуваат единствено доколку постои законска основа или согласност од субјектот на личните податоци.

Spy-Software-for-Cell-PhonesИсто така, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци. Во таа смисла, согласноста треба да биде дадена од страна на субјектот на личните податоци, односно треба да му биде дадена можност да избере дали ќе ја даде или не својата согласност за цели на директен маркетинг.

Имено, компаниите не смеат лажно да се претставуваат и да користат лажни електронски адреси за вршење директен маркетинг, туку рекламите да ги дистрибуираат само во мрежата на контакти што се согласиле да добиваат пораки за директен маркетинг од нив.

И Европратениците усвоија резолуција за начинот на кој се спроведува директивата 2005/29/ЦЕ за нелојалните комерцијални практики.

Европскиот парламент бара од Европската комисија да спроведе истрага за распространетоста на оваа практика во ЕУ, која води до нелојална конкуренција и претставува злоупотреба на личните податоци на корисниците, за да на крај предложи соодветен законски текст за заштита на потрошувачите. Кога станува збор за користењето на лични податоци од некоја пробрана база – без корисникот да дал дозвола неговите податоци не смеат да се користат за промовирање маркетинг. Потребна е јасна согласност на корисникот за тоа, тоа треба да биде правило, а не исклучок .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1