Не сте ни чуле за неа, а толку многу пати ви помогнала во животот


Едноставно, премалку луѓе знаат за оваа жена. Нејзиниот изум, пак, е толку чест колку што се чести и автомобилите.

Еден зимски ден во 1903-тата година, Мери Андерсон – родена во Бирмингем, Алабама, била во посета на Њујорк. Патувала со тролејбус, а за сето време се обидувала да ја приграби секоја глетка на големиот град – но попусто, надвор врнело многу снег.Meri-Anderson-620x3501-620x325

Не била само таа што имала проблеми. Мери забележала дека и возачот на тролејбусот има потешкотии со навигацијата, неможејќи да гледа низ сиот тој снег и лед на ветробранското стакло. На секои неколку секунди, тој морал да ја испружи раката низ прозорот, за така да го избрише снегот. Некогаш морал да ја извади и главата низ прозорот – толку многу проблеми создавале дури и обичните зимски врнежи.

Гледајќи го сето тоа, Мери започнала да размислува за начините на кои би можело да му се помогне на овој човек, начини што би им овозможиле на возачите да останат внатре во возилото, без да се грижат за надворешната страна на стаклото. Нејзините мисли вродиле со идејата за првите бришачи. Таа замислила справа која би била прицврстена за надворешната страна на возилото, со долга рачка и гумена четка. ВОзачот би можел одвнатре да го контролира механизмот преку квака во внатрешноста на возилото, која би ги придвижувала четките во саканата насока.brisac

Наскоро, истата година, Мери поднела барање за патентирање на првите бришачи. Пробала да го продаде својот изум на неколку компании, но сите до една ја одбиле. Очигледно, вистинската вредност на идејата останала незабележана, а аргументот бил дека било какви механизми на ветробранското стакло дополнително би ја отежнале ситуацијата за возачите.

Ова веројатно се должело на тоа што Мери Андерсон размислувала премногу напредно за своето време. Тогаш автомобилите биле ретки – надвор од големите градови ретко кој ги користел. Од друга страна, постоечките автомобили не биле доволно брзи за воопшто да им треба ветробранско стакло. Ситуацијата се променила дури во 50-тите години на 20-от век, кога се пронајдени побезбедни кочници и појаси, и кога безбедноста на возилата почнала да станува приоритет.anderson

Пронајдокот на Мери Андерсон бил целосно заборавен, барем се додека не престанала важноста на нејзиниот патент, кога луѓето слободно можеле да ја копираат идејата. Кон 50-тите години на 20-от век, кога автомобилите станале честа и поевтина појава, бришачите веќе спаѓале во стандардната опрема на најголем дел од возилата.

Патем, првите автоматски бришачи се исто така идеја на жена – Шарлота Бриџвуд. И таа како и Мери, во 1917-тата, поднела барање за патентирање на својот изум. Ја имала истата судбина како и Мери – нејзиното откритие не доживеало комерцијален успех.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1