„Не сум Французин и верувам во Бог“ – овие зборови го спасиле од сигурна смрт


Оние кои се нашле во центарот на случувањата за време на терористичкиот напад во Париз, и одвај извлекле жива глава, дури сега зборуваат за тоа што го преживеале. Посебно е интересно искуството на еден Чилеанец, кој бил на концертот на бендот “Eagles of Death Metal”.

23-годишниот Дејвид Фриц Готингер во еден момент се нашол на нишан на терористите, но успеал да се спаси кога кажал дека не е Французин и дека верува во Бога.pariz pukanje 3

“Беше како земјотрес, пукаа на сите страни, слушнав експлозија и пукање. Музиката запре. Отидов да разговарам со еден пријател и да го прашам што се случува, и тогаш видов мртви луѓе”, вели тој, пренесува Channel News Asia.

Кратко потоа му пришол еден терорист со намера да го убие.

“Ја впери пушката во мене, и ме праша дали верувам во Бог и дали сум Французин. Му кажав дека сум Чилеанец и дека верувам во Бог, па ме пушти”, рекол тој.

Во нападот 129 лица ги загубиле своите живот, а повредени биле 350 луѓе, од кои 99 се во критична состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1