Перењето на долната облeка на 40 степени не ги отстранува повеќето бактеријата од долната облека, открива едно ново истражување. Долната облека испрана на 40 степени содржи само 14 отсто помалку микроби од неиспраната долна облека. Микробиолозите откриле и дека едно од четири парчиња облека испрани на 40 степени содржат траги од бактерија која е поврзана со измет.
Научниците тестирале повеќе од 100 парчиња облека од кои половина биле испрани на температура од 40 степени, а половина неиспрани.
Истражувачите откриле дека испраните кадифени играчки со кои децата си играат имаат најмногу бактерии од измет и дека долната облека на малите деца генерално содржи најмногу бактерии. Детските маици содржат многу бактерии, додека перниците и панталончињата имаат помалку бактерии.
Лекарите препорачуваат перење на долната облека на 60 степени или повеќе, бидејќи на тој начин ќе ги убие бактериите и вирусите, вели еден од истражувачите.
На патиките испрани на ниска температура постојат дури 10.000 организми поврзани со материи од измет, а само во двe лажици вода која ја користи машината за перење има околу еден милион бактерии.
Бактериите можат да останат во машината и да се пренесат на следната тура долна облека, така што не значи многу тоа што одвоено ги перете крпите, бидејќи на нив можат да се „залепат“ бактериите од долната облека.
За да бидете потполно сигурни, се препорачува да ја пуштите машината барем еднаш месечно да работи на 90 степени без долна облека во неа.