Не требаше да се самоубие – адвокатите ќе успеаа да го ослободат од Хаг


Генерал Слободан Праљак, кој вчера во судницата во Хаг испи отров, по што набрзо почина, можел да излезе наскоро на слобода. Имено воениот злостроник Праљак во притвор во Шевенинген поминал повеќе од 13 години(или 11 години ефкетивни), а за време на вчерашното судење потврдена му е поранешната пресуда од 20 години затвор.

Праљак во Хаг стигнал во април 2004 година, пред 13 години и нешто помалку од 8 месеци. Исто така, во време кога судењето мирувало, ретко одел на привремена слобода, односно куќен притвор, кој не влегуа во издржаната казна.

Хашкиот осуденик можеби за две години би бил пуштен на слобода, но тоа е тешко да се утврди, бидејќи во казната му се пресметува времето поминато во притвор, но не и времето на привремена слобода.

-Слободан Праљак, со казна од 20 години затвор, мораше да отслужи 13,3 години пред да биде пуштен. Веќе отслужи околу 11 години. Требаше да биде пуштен во 2019 или 2020 година – напиша на Твитер Лука Мишетиќ, кој во Хаг го бранеше Анте Готовина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1