Не возете преку Галичица, патниот правец е затворен до март


Затворен за сообраќај за сите возила е патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево. Ова сезонско затворање на патниот правец преку планинскиот премин Галичица ќе трае до крајот на март.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Поради појава на магла, видливоста кај Сарамзалино е намалена од 30 до 50 метри.galicica1-500

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15 ноември за сите возачи започнa законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1