Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотраен слаб дожд само на северозападот од земјата. Попладне и кон крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде, поинтензивни ќе бидат врнежите во источните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој на крајот од денот повремено ќе се смени во засилен северозападен ветер, особено ќе биде забележлив во источните делови од земјата.dozd
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен југоисточен ветер, а кон крајот на денот ќе почне и во Скопската котлина да дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 20 степени.