Секојa облека има ознака за начинот на перење. Модерните машини за перење можеби се „паметни“, но потребно е почитување на овие ознаки за подолг век на траење на Вашата облека. Fakulteti.mk пренесува едноставни и практични упатства за секој симбол кој досега можеби Ве бунеле.
Перење
Максималната температура на перење е 30 степени.
Максималната температура на перење е 40 степени.
Максималната температура на перење е 50 степени.
Максималната температура на перење е 60 степени.
Максималната температура на перење е 95 степени.
Перење на програмата за памучна облека (максимално вртење), со почитување на температурата на перење.
Перење на програмата за облека од синтетички материјали (средно вртење), со почитување на температурата на перење.
Перење на програмата за облека од волна (минимално вртење), со почитување на температурата на перење.
Исклучиво рачно перење.
Не смее да се пере во машина за перење алишта.
Сушење
Сушењето во машина е дозволено.
Сушењето во машина е дозволено на пониска температура.
Сушењето во машина е дозволено на повисока температура.
Забрането е сушење со машина (облеката може да се суши само по природен пат).
Неопходно е сушење во вертикална положба.
Неопходно е сушење со помош на штипки за облека.
Допуштено е само сушење на рамна површина.
Пеглање
Допуштено е студено пеглање (110 степени).
Допуштено е топло пеглање (150 степени) (полиестер, волна).
Допуштено е врело пеглање (200 степени) (памук, лен).
Забрането е пеглање (акрил).
Избелување
Материјалот може да се избелува.
Материјалот не смее да се избелува.
Хемиско чистење
Допуштено е хемиско чистење со кој било раствор.
Забрането е хемиско чистење.
Хемиско чистење со раствор R113 и јаглеводород (чувствителни ткаенини).
Хемиско чистење со растворот R113 и јаглеводород, со строги ограничувања во додавањето вода, механички акции во текот на чистењето и температирата (многу чувствителни ткаенини).
Хемиско чистење со перлоретилен, раствор R113, јаглеводород и растворот R11.
Хемиско чистење со перлоретилен, раствор R113, јаглеводород и раствор R11, но со строги ограничувања во додавањето вода, механички акции во текот на чистењето и температурата (многу чувствителни ткаенини).