Неандерталците исчезнале поради големите очи, тврдат британските научници


Големите очи што ги имале неандерталците, се главната причина за нивното исчезнување, тврди група британски научници од Универзитетот во Оксфорд. Неандерталците се вид, блиzok до луѓето, кои живееле во Европа пред 250 илјади години и сосема исчезнале пред 25 илјади години.

neandrtalecВо својата студија, публикувана во научното списание Ројал Сосаети, британските научници откриваат дека до своето сознание дошле истражувајќи 13 черепи на неандерталците и споредувајќи ги со 32 човечки черепи. Притоа откриле дека неандерталците изумреле затоа што имале поголеми очи од оние на човекот.

Поголемите очи им помагале на неандерталците да гледаат далеку и да може да гледаат ноќе и при најголема темнина, што предизвикувало нивниот мозок најмногу да се троши за визуленото перцепирање.

Според еден од истражувачите, професорот Робин Данбар од Оксфорд, неандерталците биле многу паметен вид, но сепак, не толку како Хомо сапиенсот-човекот. Тоа се покажало од витално значење за нивното преживување, откако неандерталците не успеале да ја разберат промената на балансот во природата и суровоста на животот и на живеењето на крајот од последниот леден период.

Ненадерталците, за разлика од човекот, не успеале својата свест да ја насочат кон создавање топла облека за себе, ниту успеале да развијат поголема мрежа на социјално живеење. Токму тоа му помогнало на човекот да преживее, тврдат британските научници од Универзитетот во Оксфорд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1