Полицијата во Неготино поднесе кривична пријава против С.Ш.(64) од Неготино за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“.
На Плоштадот во Неготино, пријавениот вчера сретнал 32-годишно лице со пречки во развојот и го намамил да појде со него давајќи му 60 денари, по што извршил обљуба над него.