Неготино: Грк ја нападнал сопругата и нејзиниот татко


Триесет и тригодишна жена од Неготино ноќеска околу 2:40 минути по полноќ пријавила дека нејзиниот сопруг 27-годишниот Г.К. од Грција, со привремен престој во Неготино, се вратил дома во алкохолизирана состојба и физички ги нападнал неа и нејзиниот татко нанесувајќи им телесни повреди.

policija grb oznaka

 

Полициски службеници излегле на местото на настанот каде го затекнале Г.К. како упатува закани и навреди кон сопругата и нејзините родители. Притоа упатил закани и навреди и кон полицијата поради што е приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „телесна повреда“, а изречена му е и казна од 800 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1