Возило на МВР излетало од автопат, едно лице повредено


Возило на МВР утрово од засега непознати причини излетало од автопатот кај клучката Хиподром во Скопје и удрило во оградата, дознава „Република“.

policija sredna

Од МВР информираат дека во возилото „форд транзит“ се превезувале припадници на полицијата, а повредена е сопатничката која е пренесена во болницата „ Св. Наум Охридски“ со телесни повреди.

Засега нема информации за повреди на други лица и се работи на расчистување  на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1