Девојка од Припоље, студент на втората година на Медицинскиот факултет, изврши самоубиство фрлајќи се од седмиот спрат на Студентскиот дом.
![]()
Иако екипата за Брза помош пристигнала мошне брзо на местото, сепак лекарите само констатирале смрт на девојката. Полицијата објави извештај но се засега не е познат мотивот поради кој девојката се самоубила, пренесува српскиот весник Блиц.










