Туриа Пит се запознала со Мајкл Хоскин уште во основно училиште. Нивната врска започнала во 2009 година, а во 2011 Туриа настрадала во пожар.
Нејзиното тело било изгорено 65 проценти, останала без прстите на десната рака, а поминала и пет месеци во болница.
Неодамна, Мајкл и Туриа се вериле, откако тој решил да се откаже од својата кариера за целосно да и се посвети на сопругата.
– Купив дијамантски прстен додека Туриа беше на интензивна нега. Не сакам луѓето да не сожалуваат, сакам да продолжиме нормален живот, вели Мајкл, кој додава…
– Таа има неверојатна енергија. Обожува да го поминува времето на океан исто како и јас, па често го правиме тоа.