Во Факултетот за физичка култура утринава од запалена канта за отпадоци избувнал пожар кој зафатил и дел од плакар, но целосно е изгаснат по брзата интервенција на противпожарната единица.
– Со навремената интервенција на единиците на противпожарната бригада не е дозволено пожарот да зафати дел од таванот на бараката и тој да се прошири. Се интервенираше со две противпожарни возила и шест пожарникари, изјавил Благоја Менковски, командант на бригада на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје .
ФОТО: Курир