Неизмерна тага и болка: „Каде е моето дете? Зошто да умре толку млад?“


Во семејствата на трагично загинатите млади лица во страшната сообраќајка која ја потресе Србија тагата е огромна. Во домот на 18-годишниот Немања Антиќ постојано се слуша плачот на најблиските.

-Скршена е. Не знае за себе. Не може да прифати дека го изгубила својот син. Сето ова е ужасно, раскажала за Блиц.рс сосетката на семејството Антиќ, при тоа додавајќи дека семејството поминува низ најтешките моменти во животot

zaginatite500

Другарчињата пак на трагично загинатите Анастасија, Немања и Милош вчера во групи ги посетиле семејствата се со цел да им изразат сочуство. Никој од нив немал доволно сила за да зборува со екипата на Блиц.рс.

-Беше најдобар другар, кажал во солзи еден од другарчињата на Немања.

Зар да умре толку млад?

Екипата на Блиц.рс не успеала да стапи во контакт со семејството на Милош Јанковиќ, кој за време на несреќата бил во багажникот на БМВ-то. Впрочем, кога таткото на Милош ги чул новинарите како влегуваат во зградата излетал од домот и во солзи извикал “Ова е голема тага. Сите сме скршени и не знаеме за себе”.

Низ вратата се слушал плачот на мајката.

-Зар да умре толку млад, во солзи викала таа.nesreca-milos-nemanja500

Пред елитната зграда во центарот на Белград, каде живеел возачот Душан, т.е виновникот за големата трагедија владеела сосема поинаква атмосфера. Екипата на Блиц.рс била пречекана од момче кое им кажало дека не можат да влезат внатре бидејќи родителите не сакаат да зборуваат со нив.

Соседите пак велеле дека Душан бил прекрасен дечко, одлично воспитан.

-Го знам од дете, живееше овде со родителите и братот. Сите сме во шок, раскажале соседите, додека пак момчето кое дежурало пред зградата изјавило дека нема да има изјави за медиумите се додека семејството не се договори со адвокатот.

Каде е моето дете?

Пред станот на трагично загинатата Анастасија Стајиќ владеел молк. Мајката на Анастасија кога видела дека нејзината ќерка не се вратила дома почнала да се јавува кај семејствата на нејзините најдобри другарчиња.milos-avtomobilot500

-Каде е моето дете?, прашувала низ солзи таа.

Лука Вишњиќ (20), син на новинарката Оља Бечковиќ успеал да излезе од автомобилот, така што со рака го скршил стаклото. Ја скршил и раката. Јовановиќ исто успеал да се спаси, како и Милица Јокиќ (18), која се наоѓала на совозачкото седиште. За жал, Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18), и Милош Јанковиќ (20), кој се наоѓал во багажникот, се удавиле во реката.

-Многу жалам за тоа што се случи, и незнам како ќе живеам понатаму, изјавил низ солзи Душан Јовановиќ (19) на расправата пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

Во несреќата починаа Немања Антиќ (18), Анастасија Стајиќ (16) и Милош Јанковиќ (20) а полесно повредени се Лука Вишниќ (18) и Милица Јокиќ (18). Пијаниот возач Душан Јовановиќ (19) помина без повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1