Арнолд Шварценегер од бракот со Марија Шрајвер има четири деца, а Кетрин е најстарата. Оваа девојка не тргна по стапките на славниот татко, туку се занимава со други работи.
Кетрин пред три дена наполни 27 години, а нејзиното семејство беше со неа.
Таа на 25-годишна возраст напишала книга која се занимава со откривање и прифаќање на себеси, а води и блог за убавина. Како тинејџерка имала проблем со тоа како се доживува себеси и својот изглед. Сега воспоставила контрола над својата психичка и физичка кондиција, пишува и ги советува младите девојки како да се изборат со сличните проблеми, тренира јога, шета.
Кетрин дипломирала комуникации на Универзитетот Јужна Калифорнија истата година кога ја издала книгата.