Кога снајперите отвориле оган кон неа, русокосата жена којашто носела на себе експлозив, чекала полицијата да ѝ се приближи а потоа повторувала – “Помогнете ми, помогнете ми”, пред да се разнесе.
Очевидец познат само како Кристијан (20) тврди дека ја видел жената на третиот кат како очајно бара помош. Полицијата ѝ говорела – “Држи ги рацете подигнати, ќе пукаме”. Повеќе пати ги подигала и спуштала рацете, а потоа се слушнала експлозија.
Се верува дека жената му била сопруга или роднина на терористот Абделхамид Абауд (27) којшто според најновите информации е убиен во текот на полициската акција, а поради којшто е и направена рација во Сен Дени, во текот на која се убиени две лица осомничени за тероризам.
Непотврдени извештаи укажуваат на тоа дека жената самоубиец се викала Хасна Аитбулахен. Опсадата на упориштето на терористите траела шест часа, а петмина се уапсени додека еден џихадист бил убиен од граната.
Зошто барала помош од истата полиција којашто дошла за да ја уапси? Дали сакала да ги намами во замка и да ги поведе и нив со себе во смрт? “Помош” е последниот збор којшто очекувате да го слушнете од бомбаш самоубиец
А ова посебно важи кога локалните медиуми тврдат дека групата којашто ја открила полицијата била четврта којашто имала за задача да ги нападне патниците на аеродромот Шарл де Гол, како и недолжни луѓе во шопинг округот Ла-Дефанс.
Најмалку пет полицајци се повредени во рацијата, а прашањето кое што се поставува е дали Хасна, ако е тоа нејзиното вистинско име, тајната на своите последни зборови ја однела во својот гроб.