Некогаш империи, држави страв и трепет – денес избришани од мапата на светот (Видео)


Некогашните моќни царства, кои го освојувале светот и владееле со огромна територија и милиони луѓе, некогашните угледни и просперитетни држави исчезнале од мапата на светот и тоа многу одамна, во минатиот век.

tito gorbacovj sssr jugoslavija

Турската Империја

Царството кое е познато како турско траело со векови. Основано е во 1300 година и постоело се до 1923 година. За време на тие 600 години, ова царство се ширело со огромна брзина, а завземало територија и преку Русија, Африка и Блискиот Исток.

Царството било најмоќно за време на 16 и 17 век. Во текот на своето време контролирало огромен имот и бил во центарот на источниот и западниот свет. Но, ваквиот успех донел и огромни киксови кои пак довеле до неговиот колапс. Oткако царството се распаднало, дошло до создавање на државата Турција, која прогласила независност. Некогашното моќно Отоманско Царство се претвори во држава со што шествековното владеење е завршено.

Источна и Западна Германија

Источна и Западна Германија биле во центарот на многу политички немири и контроверзии во 20 век. Областите биле поделени во две главни идеологии. Во 1990 година двете земји се споени во Германија при тоа елиминирајќи ги озогласените поделби меѓу нив.

Новата, обединета земја добила суверенитет од четири окупаторски сили, кои ги елиминираа ограничувањата поставени за овие две одделни држави.

Тибет

Иако Тибет се уште е окупиран, сепак тој е променет по кинеската инвазија во 1950 година. Земјата потекнува од седмиот век, а нејзините жители живееле релативно безбедно и тоа со векови.

Во 1912 година династијата Кинг престанала да постои, по што и Тибет прогласи независност, иако Кина не го признала.

Занзибар и Тангањика

Занзибар и Тангањика некогаш биле две одделни автономни држави, кои се обединиле во 1964 година. Тангањика, која се наоѓала во близина на Индискиот Океан и Африканските Големи Езера, успеала да ја одржи својата независност од Велика Британија. Тоа траело само неколку години и така Занзибар стана Танзанија.

Танзанија е дел од источна Африка, која е посетена од илјадници туристи секоја година. Областа има богата историја, со докази за човекова популација уште од пред 10 илјади години. И покрај тоа што неодамна двете земји се споија, многумина се уште велат дека се различни народи.

Југославија

Една од таквите земји е и Југославија, која била составена од шест социјалистички републики. Југославија некогаш се викала и Кралството Југославија, но монархијата во земјата се распуштила и таа била преименувана до Федеративна Народна Република Југославија во 1942 година.

СССР

СССР, недогледна територија, која кога пропаднала, била поделена на 15 нови земји. Колапсот се случил во 1991 година, но додека постоела, била марксистичко-ленистичка земја која немала ниту една партија.

Таа траела од 1922 година па се падот, во 1991 година. Михаил Чорбачов е последниот советски лидер, а токму тој и бил лидерот кој го охрабрил народот да се подели. Во 1991 година државниот удар бил оркестриран но неуспешен, по што Комунистичката партија била забранета. Горбачов поднел оставка и ја поделил земјата на нови држави.

Австро-Унгарија

Австро-Унгарија е растурена по поразот во Првата светска војна. Истата ги вклучувала Австрија, Унгарија, дел од Чешка, Италија, Полска и Романија. Денес ништо не остана од некогашната моќна империја, освен за земјите кои подоцна се создале.

Доколку земјата не била поразена во Првата светска војна, кој знае што би се случило.

Чехословачка

Една од големите земји со голема моќ и влијание била Чехословачка. Впрочем, Чехословачка била суверена држава која постоела од 1918 година, па се до 1993 кога и е распуштена и поделена на две земји – Чешка и Словачка.

Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1