Некогаш била позната лондонска пијанисткa, денес е бездомник. Живее во својот плав Форд и импровизирано засолниште веќе 20 години. Изгубила се поради неуспешна љубов и скршено срце.
Некои сметаат дека нејзиниот неконвенционален начин на живот е понижувачки, а други се восхитуваат на романтичната приказна на оваа дама.
Пијанистката Ен Нејсмит која денес има 75 години била многу успешна и позната во својата професија.
Пред 20 години еден маж и го скршил срцето и таа самата одлучила да се повлече и да се откаже од се.
Од тогаш живее сама, во својот автомобил и одбива било каква помош – иако многумина и ја нудат. Се храни со остатоци од храна или собира свежо овошје од околните дрва.
Но градот сега сака да и го сруши засолништето.
,, не знам зошто ме преместуваат кога никому не пречам, вели Ен.
лондонските работници веќе ги исекле околните дрва и поставиле ограда – на местото каде живее Ен ќе се гради Метро. Живеалиштето на Ен ќе биде дислоцирано.
Кога се чуло за приказната, многумина кој ја познавале од времето додека била една од најнадежните во својата генерација, се јавиле да и понудат дом.
Некои и нуделе и куќа бесплатно да живее во неа. Но Ен ги одбила сите – кусо им рекла – оставете ме сакам да сум сама со својата тага.
Никој не ја знае вистинската причина. Што се случило? кој е мажот кој и го скршил срцето на Ен? Што и сторил за да ја натера да остави блескава кариера, дом, пријатели – и да се повлече и да живее во самотија цели 20 години.
Таа во цутот на својата кариера настапувала на престижни места во Лондон, но Ен воопшто не сака да зборува за минатиот живот и моментите кога била на врвот.
Вели тагата си е само за неа – не сака никој да и помага, никој да ја вознемирува, никого не сака да види.