Некои ги користат за инциденти, кај нас снимаат свадби со нив


ЕУ размислува за построга контрола на цивилните беспилотни летала. Во Македонија, пак, засега не се ограничува употребата на дроновите, како оној што го предизвика инцидентот на мечот меѓу Србија и Албанија. Тие кај нас сѐ почесто се користат за снимање семејни веселби и се изнајмуваат за 100-200 евра на час

Македонија засега нема правна рамка што ги ограничува продажбата и употребата на цивилните беспилотни летала, како она со кое минатата недела беше предизвикан тежок инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија. Надлежните велат дека граѓаните може да ги користат леталата сѐ додека со нив не прекршуваат некој закон. Европската Унија, пак, размислува да воведе построга регулатива за контрола на цивилните беспилотни летала во своите земји-членки. alba1-624x350
По инцидентот во Белград, српските експерти предупредија дека е направен тежок безбедносен пропуст, а синдикатот на српската полиција во соопштение укажа дека леталото, наместо транспарент со мапа на голема Албанија, можело да носи експлозив, хемиско или биолошко оружје. Тие сметаат дека со пропустот била загрозена безбедноста на присутните на мечот, како фудбалерите, публиката и највисоките државни функционери во ВИП-ложата (претседателот).

Некои српски медиуми наведоа дека ЕУ ја разгледува можноста за заострување на регулативите за цивилните беспилотни летала, со тоа што секое летало би имало задолжителен сертификат за негова употреба, како и податоци за исправноста и за потеклото. Српска „Правда“ наведува оти цивилните дронови во ЕУ се користат за набљудување при шумски пожари, инспекции на пругите, за запрашување на нивите, но дека никогаш во Европа не бил забележан случај како на натпреварот на фудбалските репрезентации меѓу Србија и Албанија. Токму поради нејасната законска регулатива, ЕУ решила да ја засили контролата за користење на овие летала на ниво на Унијата, нагласува весникот.

Од Министерството за внатрешни работи на Македонија велат дека засега во државава не постои регулатива со која би се ограничиле набавката и употребата на беспилотните летала за цивилни и комерцијални цели.
– Нема ништо спорно во фактот нашите граѓани да ги употребуваат овие летала ако тие со нив вршат активности што не се во спротивност од законот – велат од МВР.

Цивилните беспилотни летала во Македонија сѐ почесто се користат за овековечување семејни веселби. Од едно скопско фотостудио што се занимава со фотографирање и снимање свадби и прослави го потврдуваат овој тренд и велат дека овие мини-летала на кои има поставено камери стануваат хит за нивните муштерии и едно вакво задоволство чини од 100-200 евра од час.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1