Ако дадете скапо виски на службеник мора да му го даде на шефот – а тој ќе го продава


Лекарите, медицинските сестри, шалтерските работници во државните служби, општинарите, наставниците, полицајците, даночните инспектори, цариниците… сите вработени во јавната служба, кои ќе добијат подарок од граѓанин чија цена е поголема од 1.000 денари (односно 3.000 денари за повеќе дарови дадени од едно лице во текот на една година), ќе мора во рок од два дена да му го отстапат подарокот на својот шеф.

Подарокот ќе стане сопственост на институцијата во која работи службеникот, но шефот ќе биде задолжен да го чува подареното с` до неговата продажба или користење во посебна просторија, и тоа под клуч што само тој го поседува. Ова е само дел од постапката за тоа како треба да се постапува со даровите што ги добиваат јавните службеници, а која пред десетина дена ја донела Владата на предлог на Министерството за финансии. Poklon

Се работи за уредба за начинот на кој треба да располагање со примените подароци и нивната евиденција, а која е обврска од новиот Закон за вработените во јавниот сектор, што ќе почне да се применува од сите државни институции, јавни установи, институциите од областа на образованието, здравството, полицијата, војската, царината. Според уредбата, сите тие ќе имаат обврска на видливо место за странките со кои работат да истакнат известување за тоа што и како може да се подарува на вработените во таа институција и што потоа ќе се случи со даденото. Исто така, секоја институција е обврзана да одреди посебно лице што ќе води евиденција за тоа што кому и кој подарил.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, вработените, потоа нивните брачни другари, децата, родителите или, пак, лицата со кои тие живеат во исто домаќинство не смеат да примаат подароци поврзани со работата на јавниот службеник. Лекарите, медицинските сестри, цариниците, полицајците, шалтерските работници и оние што работат со странки, ќе мора да ги предупредуваат граѓаните за забраната доколку се работи за дар со поголема вредност. Доколку граѓанинот и понатаму инсистира да го даде подарокот, тогаш службеникот треба да му укаже дека даденото ќе стане сопственост на институцијата. За примениот подарок потоа се применуваат правилата од уредбата.jack daniels viski alkohol

„Вработениот во јавниот сектор кој примил подарок, најдоцна во рок од два работни дена од денот на примањето го пријавува дарот кај овластено лице и веднаш по поднесувањето на пријавата го доставува до работодавецот“, пишува во уредбата која деновиве е веќе објавена во „Службен весник“.

Притоа службеникот ќе мора да пополни и анкетен лист во кој ќе наведат кој го дава дарот, поводот поради кој е примен, потоа да го опише подарокот и да ја одреди неговата вредност, при што вредноста се утврдува врз основа на пазарната цена, датумот кога го примил даденото итн.

Примените подароци може или да се користат или доколку е можно, да се применат во надлежноста на институцијата или, пак, ако не, да се продадат. До тогаш за нив е одговорен шефот на вработениот кој примил подарок.

„Подароците… привремено се чуваат во посебна просторија во институцијата, која е заклучена и недостапна за вработените во институцијата, освен за раководното лице. Доколку димензиите и бројот на подароците тоа го дозволуваат, може да се чуваат во орман обезбеден со клуч“, пишува во Уредбата.

пред четири години истражување покажало дека најскапи „подароци“ за завршена услуга давале Македонците и тоа со просечна вредност од 470 евра,при што ваквиот тип дарување тие не го сметале за проблем. Најмногу дарови, според истражувањето, добивале лекарите

Општата забрана за примање подароци од јавните службеници, односно конфискацијата на подароците од страна на државата нема да важи за помалите подароци како што е кафе, бонбониери, пенкала, цвеќе и слично. Имено, во Законот за вработените во јавната служба пишува дека оваа забрана не важи за протоколарни и повремени подароци од пониска вредност. Kако подароци од пониска вредност законот ги смета оние чија вредност не надминува 1.000 денари, односно 3.000 денари за повеќе дарови дадени од едно лице во текот на една година. Kако протоколарни подароци, пак, се сметаат даровите дадени од службени лица или од меѓународни организации за време на посети, гостувања или во други слични околности.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1