Од денес студ, дожд и снег


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне со зголемена облачност која во северните и во западните делови во вечерните часови ќе биде проследена со врнежи од дожд кои на планините, а понекаде и на повисоките места во западните делови од снег

Преку денот ќе дува повремено засилен јужен ветер, а во вечерните часови во северозападните делови од земјата ќе почне да дува засилен северен ветер.Frozen. Chilled female face covered in snow ice

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во вечерните часови ќе има и врнежи од дожд и ќе почне да дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

До сабота ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, на планините особено во западните делови од земјата врнежите ќе бидат повремено од снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1