Новата истрага фрла ново светло на смртта на популарната холивудска глумица Натали Вуд. Благодарение на извештај од мртовечницата во Лос Анџелес, се појавиле нови детали.
извештајот открил дека телото на Натали имало бројни модринки, за кои се претпоставува дека се настанати пред нејзината смрт, и гребаници на вратот кои се претпоставува дека се настанати во моментите кога нејзиното тело било извлекувано од водата.
Најдени нови модринки на десната надлактица, левиот зглоб и десното колено, како и гребнатина на вратот и челото. Според наодите, се наведува на мислење дека е можно Натали да била нападната пред да се удави.
Во новиот извештај пишувало дека Вуд ја снемало околу полноќ, а Вагнер повикал помош дури утрото во 1:30 часот. Токму ова е причината зошто истрагата се уште не е затворена. “Големиот број и местата на модринките, малиот удар на главата и лицето наведуваат да се земе предвид дека можеби модринките се направени пред Натали да падне во водата“, навеле во извештајот.
Тие велат дека овој случај бил затворен се до 2011 година, кога власта решила повторно да го отвори и да ја покрене истрагата за нејзиниот убиец.
Натали Вуд се удавила на 29 ноември 1981 година, а по токсиколошките налози се потврдува дека била во алкохолизирана состојба. Таа имала 43 години.