Ноќеска околу 23 часот биле испукани 2 проектили во Владата на Република Македонија
Околу 22 часот било пријавено дека во близина на зградата се слушнале две детонации. По неколку часа, на фасадата на зградата во која е сместена Владата на Р. Македонија пронајдени се два забиени проектила, информираат од полицијата.
Извршен е увид, проектилите се подигнати и предадени на вештачење.
За среќа, испуканите проектили не повредиле никого.