Некој ве хакирал – што да направите веднаш


hakerОна што логично изгледа како правилно нешто кое треба да се направи по хакирањето е промената на лозинката. Веднаш сменете ја лозинката од местото, но и од секое место каде ја користите истата шифра. Се препорачува лозинката да се менува на одреден период, без оглед на хакирањето. Но, доколку сте хакирани, менувањето на лозинките е повеќе од итно. Ова е поважно доколку користите шеми за лозинки, како: 123Име, 123Презиме, 123Израз итн.

Постои можност дека напаѓачот влегол преку вашиот уред. Речиси сите вируси се инсталираат преку самите жртви, кои не се свесни за она што го направиле. Она што мора да го направите по нападот е чистењето на компјутерот. Симнете добар антивирус производ и направете скенирање за вируси кои можеби биле изворот на нападот. Софтверите кои функционираат одбранбено не се совршени, но тоа е основното нешто кое може да го направите за да спречите поголема штета.

kompjПоголемиот број од он-лајн сервисите нудат алатки кои може да ви помогнат да го вратите својот профил откако бил „украден“ од некој друг. Ќе морате да одговорите повеќе прашања за вашиот профил и тој веднаш ќе ви биде вратен.

Паметните хакери нема само да влезат во вашиот профил, тие ќе ги сменат алатките за да можат да се вратат назад. Откако ќе го добиете профилот назад, веднаш проверете ги сите детали. Можеби напаѓачот пратил некоја порака? Можеби ги променил сигурносните прашања?

Доколку ви е хакиран профил преку кој добивате средства, детално проверете ја секоја активност на профилот. Разгледајте дали секоја адреса одговара на вашата и секој метод на плаќање е недопрен. Проверете дали се додадени нови профили. Доколку имејлот ви е поврзан со профил на одредена веб-страна, проверете ги истите детали на сите места.

i pad kompjuterПреку имејлот најчесто даваме дозволи за влез од поврзани апликации кои го користат тој профил за влегување. Доколку хакерот искористил ваква апликација за да дозволи пристап од друга направа или друг сервир и останува уклучен од тоа место, промената на лозинката нема да биде доволна. Најдобро е да ги прекинете сите врски со апликациите на други веб-страни, како гугл, фејсбук и твитер.

За крај – немојте да молчите. Откако ќе бидете хакирани, известете ги сите пријатели за ситуацијата која ви се случила. Можеби вие нема да изгубите ништо од нападот, но вашите пријатели се под ризик, исто така. Постојат луѓе кои влегуваат во профилите на луѓето и бараат пари од нивните пријатели.

Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1