Неколку милиони бегалци наскоро повторно ќе тргнат кон Европа барајќи спас од војната и од ужасите и ќе ја користат балканската маршрута како испробан и безбеден пат кон ветената земја.
Процените на безбедносните служби и на разузнавачките агенции се дека во овој бран ќе има меѓу три и пет милиони бегалци, но овој пат најголем број од нив ќе бидат од Африка. Тоа се должи на фактот што таму допрва ќе се разгоруваат воените судири со терористичките организации Исламска држава (ИД) и Ал Каеда кои во последните неколку месеци загубија голем дел од освоената територија, пишува Вечер.
Македонија е подготвена да се соочи со напливот на бегалци и веќе се изработуваат акциски планови. Ова го потврди и претседателот Ѓорге Иванов, кој во неколку наврати ја предупреди домашната, но и странската јавност дека до крајот на летото Европа и Балканот повторно ќе бидат на удар на бегалците.