Неколку причини зошто да НЕ купувате користено BMW


Автомобилите од Баварија се едни од најпосакуваните во автомобилската индустрија и со право – нудат навистина извонредно возачко доживување. Но, доколку се одлучите да купите, избегнете користено BMW, пишува koli.com.mk.

Недоволно доверливи, скапи за одржување

BMW често користи сложена механика и електроника кај своите автомобили. Да, тоа им овозможува да имаат повисоки перформанси од конкурентите, но ги прави и помалку доверливи. Не ретко корисниците имаат проблеми со дизел моторите, менувачите и диференцијалот – делови кои се исклучително скапи и незгодни за поправка. Често се случува и да треба да смените цел систем поради еден расипан дел, што го прави дефектот многу поголем отколку што се чини на прв поглед. А бидејќи сте го купиле ова BMW на старо, голема е шансата дека поправките чинат богатство за Вас.bmw-office

Недоволно стручни сервиси

Сервисите кај нас најчесто не знаат да се справат со проблемите и секаде каде што ќе отидете, ќе добиете различна дијагноза на проблемот, а дури и овластените знаат многу лесно да згрешат. Многу корисници јавуваат дека овластените сервиси им кажуваат дека е потребна промена на многу повеќе делови, отколку што навистина треба, а неретко се случува поради погрешна дијагноза да настане уште поголем проблем, како на пример зарибување на моторот или менувачот. Да Ви се расипе BMW е вистинска ноќна мора.

Премногу често ќе треба да ги менувате пневматиците

Автомобилите на BMW се непопуларни по тоа што буквално ги јадат пневматиците. Додека со други модели можете да издржите и до 40.000 километри со едни пневматици, кај BMW ќе треба да ги менувате за дупло пократок рок. Проблемот е во подесеноста на нагибот на тркалата, кој придонесува за подобрување на возните својства, но делува многу лошо на самите пневматици. А бидејќи BMW-ата најчесто имаат големи тркала и широки гуми, новите пневматици чинат вистинско богатство, почнувајќи од 200 евра по пневматик!

Претходните корисници најчесто ги возат до максималните можности

Ако купите BMW на старо, особено од некој помлад човек, шансата е дека „му е извадена маста“ – затоа и најчесто гледате BMW-а кои дрифтаат по улиците. Навистина, има и примероци кои се возени „нормално“, но не ретко знае да се погоди автомобилот да е буквално измачуван, а кога ќе го купувате, да изгледа перфектно. Да, истите тие луѓе што го вадат максимумот од своето BMW, се грижат да изгледа најдобро што може, но состојбата на механиката е сепак друга приказна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1