Нели некој контролира?? Во средство за чистење имало солна киселина – ќе се испотруеле од скарата


Скара чистеле со солна киселина. На муштериите сендвичот им бил со чуден вкус а некои почувствувале и болки во стомакот, па веднаш пријавиле до организацијата на потрошувачи и агенцијата за храна и ветеринарство, пренесува Сител.

skakakraoslasosanasnaaaaИнспекторите излегле на терен и утврдиле дека горниот дел од површината на која се печело месото имало остатоци од солна киселина. Овој пат и скараџиите биле измамени. Тие купувале специјализиран германски производ за вадење на маснотии но на декларацијата не било наведено дека средството е всушност солна киселина која е забранета за користење врз садови кои се користат при подготовка на храна.

Средството е повлечено од продажба а на увозникот му е изречена само опомена. Очигледно е дека на домашниот пазар сеуште има производи кои немаат соодветна декларација велат од организацијата за заштита на потрошувачи.

Во делот на храната од надлежната агенција пак најавуваат засилени контроли. Новиот правилник е донесен во јуни годинава а на сила е од почетокот на месецов. Операторите со храна ќе можат да подготвуваат плескавици и ќебапчиња само од спакувано месо на тацна кое е набавено од фабрики со соодветно одобрение и на пакувањето ќе мора да има декларација за видот и потеклото на меленото месо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1