Нема амнестија за организаторите – Предлог текстот е готов


Нема амнеестија за организаторите и оние што извршиле насилство во настаните од 27 април.

Останатите обвинети сами ќе треба да пресечат дали невиноста ќе ја докажуваат на суд или ќе прифатат амнестија. За да бидат амнестирани, ќе треба да поднесат официјално барање. Ова го предвидува нацрт законот за амнестија изготвен од подгрупата за помирување, кој денеска ќе биде доставен и копретседавачите на Интерпарламентарното тело. Во него јасно е дефинирано кои од 33та обвинети ќе бидат ослободено од одговорност, по завршувањето на доказната постапка, тврди пратеникот Рамчиловиќ.

„Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа по сле овој настан, посочи Рамчиловиќ.

Рамчиловиќ очекува поголем дел од обвинетите за насилствата на 27 април да бидат опфатени со Законот за амнестија. Но не прецизираше дали ќе се бара преквалификација на делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“. Дел од оние кои се обвиенти за ова дело како водачи на „За заедничка Македонија“ недамна преку социјалните мрежи најавија дека не сакаат амнестија, туку правда. Засега е неизвесно дали ќе останат на истиот став и по изготвувањето на предлог законот кој не предвидува „помилување“ за директните учесници во насилството и за оние кои го нарачувале и координирале.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека е потребна целосна амнестија на настаните од 27 април, за да се избегнат политички пазарења.

Нацрт-законот во најкраток можен рок треба да биде разгледан од Коридинативното тело, да добие законска форма и да влезе во собраниска процедура.Рамчиловиќ очекува да биде донесен по скратена постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1