Нема бесплатно возење во автобус од денеска


Од денеска се укинува бесплатниот превоз за сите граѓани во автобусите на ЈСП Скопје и кај приватните превозници и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања и за бремените жени.

foto - Press24

foto – Press24

Како што соопшти Град Скопје, во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.

Град Скопје информира дека ќе продолжи со интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. Ќе се продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

Градските власти најавија дека ќе го продолжат интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во нивна надлежност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1