Тетовец почина од маларија, двајца други на лекување во Белград


Шеесетгодишен тетовец пред 10 дена починал од маларија на Клиниката за инфективни болести. Прво го лекувале во локалните болници, но поради тешката форма на заразата итно бил препратен во Скопје. Само четири часа по приемот на Инфективна починал. Тој е првиот случај регистриран годинава, а болеста ја добил во афричка земја.komarec_kasnuvanje

– Бил во Африка, односно, во Централно африканската република и по враќањето, по појавата на првите симптоми бил кај матичен. Но, болеста кај него била во многу тешка форма, би рекла експлозивна и починал – вели Гордана Кузмановска шеф на епидемиологија во ИЈЗ.

Институтот регистрирал уште два случаи со маларија кај млади скопјани кои завршиле на лекување во Клиничкиот центар во Белград. И двајцата биле во Гана, каде во исто време заболеле. Кај едниот маларијата се повратила, откако минатото лето во афричката бил лекуван од ова тропско заболување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1