Нема да добиете кредит ако имате неплатени сметки, должите на забар или за кирија


Граѓаните не ќе може да добијат кредит, ако сметките за комуналии и долговите по кредитни картички им се намирени, ако должат за кирија, на стоматолог, на јавни здравствени установи или здруженија. А закупецот на стан, на пример, ќе може да ви ги прочешла сите долгови, пред да одлучи дали да ви го изнајми станот или дуќанот, пишува Дневник.

banka-322Ова го предвидуваат предлог-измените на Законот за Kредитното биро, кој е влезен во владина процедура. Според предложеното, тоа ќе значи дека Kредитното биро ќе ги има на тацна, но и ќе ги „нуди“ сите ваши долгови како на банките, на комуналните претпријатија и на УЈП, така и на закуподавците, на здравствените установи и на низа други правни лица. А вашето досие ќе биде достапно и за странските кредитни бироа. Со законските измени речиси секој ќе може да прави „рендген“ на вашите долгови кон секого пред да процени дали да прави бизнис со вас или не.

Во предлог-измените до кои дојде „Дневник“ се вели дека се проширува опсегот на давателите, а со тоа и на корисници на податоците – со финансиските друштва, физички лица кои вршат одредена дејност (стоматолози, закуподаватели) или правни лица – како јавни здравствени установи, здруженија и слично, досега во кредитното досие на граѓаните влегуваа неплатени сметки за вода, струја, парно, телефон, неплатени даноци или рати за кредити или лизинг. Потоа банката врз основа на овие податоци за вашите долгови и дали имате навика редовно да ги плаќате обврските или да доцните, проценуваше дали вие сте клиент за неа или не.

Покрај банките и граѓаните и фирмите може да побараат извештај за себе за да видат случајно да не имаат заостанат долг некаде кој ја руши нивната кредитоспособност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1