Нема да има ново гласање во Велика Британија за ЕУ


Британската влада им одговори денеска на над четири милиони граѓани во државата кои потпишаа петиција за втор референдум по спроведениот на 23 јуни, дека – нема да има второ гласање.250970_london-dijamantski-jubilej-ap_f

Секој човек кој ја потпишал петицијата добил мејл од МНР во кој се наведува дека „Владата одговорила на петицијата потпишана од Вас“.

– Како што изјави премиерот на 27 јуни, референдумот беше најважниот начин за демократијата во британската историја, во кој учествуваа над 33 милиони луѓе кои гласаа – се вели во одговорот од владата.

По гласањето премеирот Дејвид Камерон поднесе оставка чиј наследник ќе биде објавен на 9 септември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1