Нема да мораме да се трчаме кај матичниот за секој упат


Лекарите – специјалисти и субспецијалисти самите ќе пополнуваат упати за итните случаи, со свој упат ќе испраќаат на болничко лекување, па нема да има потреба да се оди кај матичниот да се зема упат за тоа. Исто така, хроничните болни ќе добиваат само еден упат годишно за сите потребни испитувања и прегледи, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ) информирајќи за новите промени кои треба да им олеснат на пациентите и да го растоварат системот за закажување прегледи „Мој термин“.

lekar44Кога осигуреник на фондот ќе биде примен како итен случај без упат од матичен лекар, или со упат од Брза помош или од дежурна служба, сите потребни упати ќе ги креираат специјалистите и ќе нема потреба да се оди кај матичните лекари. Специјалистите и субспецијалистите исто така ќе креираат и болнички упати, како и упати за дополнителни специјалистички испитувања.

Специјалистот исто така ќе креира и упати за контролни или периодични прегледи, кои досега мораше да се земаат од матичните лекари, а кои ќе важат цела година. Од Фондот велат дека ова се прави за да се растовари системот „Мој термин“, преку кој сите овие работи се вршеа преку нови упати, со што се се пролонгираше времето на чекање и се оптоваруваше системот. Од ФЗОМ велат дека новото упатување ќе биде големо олеснување за пациентите со хронични болести кои се лекуваат амбулантски, односно за хемодијализа, вежби на вид, слух, говор и глас, хемотерапија и радиотерапија во дневна болница.

Обврска на пациентите ќе биде најмногу пет дена по завршување на лекувањето кај матичниот лекар да ја однесат целокупната медицинска документација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1