Нема да се обелодени од што почина Британецот кој ја крена Македонија на нозе


Причината за смртта на Британецот кој ја крена Македонија на нозе поради сомневање на ебола нема јавно да биде соопштена, пишува zdravstvo24.mk.

Семејството на починатот британски бизнисмен Колин Џефри не сака да биде обелоденето од што точно починал. Обдукцијата и неопходните микроскопски анализи на Инстититот за патологија се завршени. Меѓутоа како што дознава zdravstvo24.mk од извори од Клиничкиот Центар  семејството побарало дискреција за резултатите.

ebola hotel 8

Неофицијално немал заразно заболување, но официјално јавноста нема да дознае од што пред 20-тина дена почина британскиот бизнисмен, кој како сомнителен случај на ебола направи паника во земјава.

Во Македонија беа присутни бројни телевизиски екипи од регионот и пошироко, а случајот се најде на насловните страни во многу светски медиуми. Дилемата ја реши резултатот од лабораторијата во Хамбург кој потврди дека Џефри не починал од ебола.

Ваквиот резиултат за здравствените власти беше очекуван бидејќи британецот последните неколку месеци не патувал во држави каде има ебола.

Колин Џефри на 9 октомври беше примен на Инфективната клиника во многу тешка здравствена состојба. Почина 30-тина минути по хоспитализацијата. Поради внатрешното крварење и брзата смрт, лекарите се посомневаа дека се работи за смртоносниот вирус.

Британецот престојуваше во хотелот Супер 8, каде по неговата смрт, персоналот и гостите беа во карантин до добивање на резултатот од Германија. Џефри бил поранешен директор во Џонсон Мети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1