Нема да тепам народ и јас немам пари – Словенечки полицаец го спуштил пендракот


Словенечки полицаец порачал дека нема да ги изврши наредбите доколку мора да го удира гладниот комшија, а на Владата на Словенија и порачал „Готови сте“.


Полицаецот им порачал на демонстрантите дека и тој е дел од нив, и дека доколку дојде до пресметка со нив, тој ќе го спушти штитот.

“Почитувани полицајци, колеги, пријатели, татковци и мајки на словенечките деца. Имаше војна и насилство, успешно ја одбранивме Словенија, само сакавме независност и подобар живот.

Но, сега останавме заробени, во затворот на словенечката политика, во диктатурата на Јанез Јанша, несоодветни луѓе кои не’ водат, нашите предавници благодарение на кои примаме минимална плата. И така станавме дел од востанието, дел од словенечкото востание кое има две страни.

Првата страна е народ кој сака да ја искорени тоталитарната диктатура на власта, а другата страна се незаситените материјалисти кои заборавиле дека и ние Словениците сме луѓе.

Јас сум изненаден, не можам да верувам дека словенечката полиција се’ повеќе се занимава со “криминал“ во која спаѓа криминал на пециво и леб, крадење на основни работи за живот.

Тие луѓе не се ниту крадци ниту криминалци, тие се гладни. Тоа го прават за да преживеат.

Да се преживее во Словенија која би требало да стане нова Швајцарија. Тука веќе не се живее“, пишува огорчениот полицаец.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1