Нема да верувате од што се може да ве боли грбот


back_pain_reliefПовеќето луѓе кои користат компјутери на работа или долго седат, а денеска такви ги има многу, често се жалат на болки, не само во вратот и грбот туку и во градите.
Сепак причините за ваквите болки покрај горенаведените, може да бидат и други, а може да има врска со работното место, на пример позицијата во која спиеш, возењето, одгледувањето на децата, па дури и вашиот паричник.

Паричникот

Паричникот во џебот на панталоните, главно кај мажите, може да предизвика болки во грбот и на нозете. Паричникот во задниот џеб директно влијае на притискање на бутниот нерв и секојдневно негово иритирање. Ако новчаникот притоа е дебел, кичмата од ден на ден се криви, а тоа доведува до напнатост кај мускулите. Затоа пред да седнете, отстранете го вашиот паричник од џебот.

Мобилен телефон

Лекарите се повеќе го откриваат артритисот во основа на палецот кај пациентите помлади од 30 години кои секојдневно пишуваат, сурфаат, или играат игри на мобилен телефон. Ако почнете да чуствувате болка во палецот, престанете да пишувате, а ако болката не престане, побарајте лекар, затоа што за ваквите проблеми постојат ефективни третмани.

back pain diskВозење

Повеќето од возачите во автомобил седат во неправилна положба. Ако седиштето е премногу далеку кон воланот, морате да се напнете со вратот за да може цврсто да го држите воланот. Ваквото седење предизвикува болка во вратот. Поставете го седиштето така што главата и долниот дел на грбот ќе бидат исправени, така што полесно ќе се одржувате и ќе го вратит воланот. Рацете треба да бидат благо свиткани и опуштени.

Лежење пред телевизорот

Дури и одморот може да биде предизвикувач на болка. Ако често лежите на кауч, со главата свртена кон телевизорот, значи дека сте во положба која е идеална за појава на болка во вратот, посебно ако во таа положба и заспиете. Најдобро е да седите исправено на каучот, а екранот на телевизорот да не биде ни превисоко ни прениско, во однос на линијата на вашиот поглед.

Активни видеоигри

Видео игрите кои симулираат движења од различни спортови можат да доведат и до прави спортски повреди. Преголемиот период минат на играње на видео игри може да предизвика разни видови на повреди, од искинати лигаменти, до фрактури на коските. Пред да почнете, треба добро да се истегнете и да си обезбедите себеси доволно простор за играте за да не се удрите во нешто. Со игрите не треба да се занимавате подолго од периодот со кој на пример се бавите со некој спорт.

Навики за спиење

Ако секое утро се будите со болка, разгледајте ја позицијата во која спиете. Оние кои спијат на стомак, може да го истегнат вратот, а оние другите кои спијат на страна со часови, со раката зад главата, можат да го оптеретат и истегнат рамото, а и самата рака ќе почне да им трне. Најсигурна положба за спиење е на грб или на страна, но со раката под нивото на рамото. Ако спиете на страна, можета да ставите јастук меѓу колената за да му дадете поддршка на долниот дел од телото.

back_pain_solution

Лаптоп

Ако вашиот лаптоп го носите каде и да одите со себе, веројатно ќе му отежнете на некој дел од вашето тело. Ако го носите во ранец, ќе ја оптеретите подлактицата. Торбата која ја носите преку едно рамо, може да предизвика болка во грбот и рамото. Ако не можете без лаптопот, носете го во торба, по можност со торба со тркала, ако е можно, или барем побарајте го најлесниот модел.

Неправилно подигање на товар

Една од најчестите причини за болка во грбот е неправилното подигање на предмети. Вообичаена грешка е тоа што се наведнувате напред со цел да го земете објектот од земја, а потоа правите движење наназад. Дополнителен проблем е напрегањето при исправањето. Најдобар начин е да клекнете држејќи го објектот на краевите, а потоа да го подигнете.

Работното место

Ако седите со часови на лошо поставено биро, веројатно ќе се згрбавите. Поради зголемениот притисок на нервот на медијанусот и рачниот зглоб, можат да се појават болки, вкочанетост и трнење на раката или зглобот. Таквата состојба се повеќе напредува ако морате да го виткате зглобот на раката за да ја дофатите тастатурата. Лекот за овој проблем е да ја наместите тастатурата така што дланките и зглобовите ќе ви бидат рамни со лактите при пишување.

Вашето дете

Едноставното движење, акцијата, како што е подигањето на бебето од креветчето неколку пати на ден, може да доведе до воспаление на тетивата и на мускулните лакти и рацете. Таа продолжува поради постојаното повторување на движењата за кои се карактеристични болки на отечени зглобови и палци.
Детето можете да го подигнете и без напрегања така што ќе ја спуштите страната од креветчето, а рацете ќе ги ставите под грбот на бебето. Така полесно ќе можете да го кренете бебето. Секогаш е подобро да седнете, па отпосле да го наместите детето во добра положба на вашето рамо.

Многу луѓе често се под стрес, тензија, напнати мускули кои можат да доведат до хронична болка. Во тој случај, експертите препорачуваат редовно вежбање, релаксирачки методи или јога.
Итната медицинска помош дефинитивно треба се побара доколку почуствувате болка во градите, остра и силна главоболка или вкочанет врат, болки во комбинација со слабост и вкочанетост. Секоја хронична болка треба да се држи под медицинска контрола, особено ако е поврзана со вашата работа, активност или начин на живот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1