Нема да ви се верува: Еве кој стои зад брендот Victoria’s Secret


Верувале или не, милијардер во поодминати години кој води нормален и мирен живот е човекот кој стои за ангелите на Викторија Сикрет.

Лесли Векснер (77) е во брак 21 година со 24 години помладата сопруга со која има четири деца, а ја оженил кога имал 55 години.

Овој милијардер во 1982 година ја купил компанијата „Викторија Сикрет“ за милион долари, ниска цена поради тоа што корпорацијата била пред банкрот. Годината кога Лесли станува сопственик компанијата остварува приход од 6 милиони долари.leslie-wexner-1040cs102512

Иако можеби многумина помислиле дека зад компанијата стои некоја успешна жена или некој како Хју Хефнер, вистината е поинаква.

Векснер води мирен и нормален живот, оженет е и има четири деца со својата 24 години помлада сопруга. Неговата желба била да стане архитект, но набрзо сфатил дека своите амбиции побрзо ќе може да ги оствари ако се занимава со бизнис.

Со текот на годините, Векснер изградил огромно царство кое ги вклучува компаниите “Victoria’s Secret”, “Pink, Bath & Body Works”, “Henri Bendel”, “C. O. Bigelow”, “The White Barn Candle Company” и “La Senza”.

Севкупно, неговата компанија поседува 2.949 работилница за долна облека, козметика и слични производи ширум светот и остварува промет од 11 милијарди долари.

Неговото богатство се проценува на 6,2 милијарди долари, а магазинот Форбс го рангираше како 80-ти најбогат човек во светот

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1