Нема да ви се верува колку степени се измерени во Гевгелија


Највисока температура во Македонија во септември во Македонија била измерена во Гевгелија во 2008 година кога живата во термометрите се искачила на 39,2 степени целзиусови.

Според мерењата на УХМР за периодот од 1951 година, во Скопје во септември најтопло било во 1987 година кога биле измерени 36,9 степени целзиусови.gevgelija

Поради високите температури што на почетокот на месецов ја зафатија Македонија, надлежните прогласија портокалов метео-аларм и препораки за заштита.

Температурниот максимум, според синоптичарите, ќе биде во сабота кога се очекуваат максимални 38 степени целзиусови.

Освежување се најавува од понеделник кога максималните температури ќе бидат под 30 степени.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1