Нема да ви се верува што се може да направите со оцет!


Кога виното оксидирало настанал оцетот и одма станал хит – старите народи веднаш сватиле дека станува збор за одличен конзерванс. Домаќинките и денеска често го користат и за отстранување на бигор, но оцетот е толку многу корисен што може да се искористи за уште најмалку дваесет употреби.

Постојат најразлични видови оцет, а сите се производ на оксидација на алкохол во оцетна лиселина. Алкохолниот оцет има јаголем број намени и има низа употреби во домаќинството. Избегнете ги опасните токсини за чистење, штедете пари, Оцетот дури е и еколошки прифатлив. Проследете дваесет употреби на оваа течност.

1. Во кујна

Покрај употребата во салати, оцетот се користи и за:

– Доколку додадете две лажички оцет во вода додека варите јајца ќе добиете извонредно добро формирана белка. Додадете во водата, па дури и ако лушпата напукне, белката нема да излезе надвор.

– Доколку вашиот листест зеленчук делува овенато, натопете го во ладна вода со малку оцет и веднаш ќе изгледа подобро.

– Откако сечевте лук, непријатниот мирис од рацете може да го отстраните со малку оцет.

– Доколку годвите брокула или карфиол додадете малку оцет во водата. Ќе го ублажите вкусот и ќе го неутрализирате непријатниот мирис. Делува и доколку готвите грав.

2. Во ситуации кога чистите низ дома

Киселината делува како дезинфициенс, а ги отстранува непријатните мириси.

– Со очет можете да го исчистите садоперот. Помешајте малку оцет и сода бикарбона и тријте. За неколку минути исплакнете со врела вода.

– Исчистете ја микробрановата печка. Во сад ставете вода и оцет и пуштете да се грее неколку минути. На овој начин ќе ги отстраните нечистотиите и закоравените мириси.

– Користете оцет против винските мушички. Измешајте оцет и овошка, направете смеса во еден сад па прекријте го со проѕирна фолија на која претходно сте направиле соодветни отвори. Винските мушички ќе се нафрлат внатре но нема да можат да излезат надвор.

– Нема потреба да користите обеливач. Наместо тоа потопете ја нечистотијата во оцет. Потоа исчеткајте со четкичка за заби.

– Доколку на дрвената покуќнина или на подот имате траги од вода, исполирајте го делот со мешавина која содржи еднаква содржина на оцет и растително масло.

3. Перење на облека и ткаенини

– Доколку вашето дете уринирало на јогата, исперете ја со мешавина од оцет и вода. Подоцна на истото место посолете со сода бикарбона па исчеткајте и со правосмукалка отстранете го правот.

– Доколку со деодоранс сте оставиле траги на облеката, за чистење употребете оцет. Одличен е и за чистење на сенф како и нечистотии од домати.

– За време на перењето во машината за перење додадете чашичка оцет. Може да оживее бојата на вашата облека. Оцетот не му штети на ткаенините, а ги отстранува наслагите од сапун кој може да влијае врз потемните бои на облеката. Истовремено ќе добиете и помека облека, но и облека со помал статички електрицитет.

– Со оцет може да отстраните и гума за џвакање залепена за ткаенина или тепих.

4. Употреба во дворот и автомобилот

– Непотребните налепници отстранете ги со попрскување на оцет врз нив. Истото повторете го во неколку наврати. И најтврдокорната налепница подоцна лесно ќе се отстрани.

– Не сакате мраз на стаклото од вашиот автомобил? Исчистете ги мешавина од една третина оцет и две третини вода.

– Пирејот полејте го со оцет. Мешавина од половина оцет половина вода може да ги уништи и штетните полжави.

– За да го продолжите животот на цвеќето во вазна, во водата додадете неколку лажички оцет и шеќер.

5. Заштитете ги вашите љубимци

Зошто да користите непотребни хемикалии доколку оцетот ви е при рака?

– Доколку животното ги чеша ушите, избришете му ги со неразреден оцет.

– Мачките не сакаат оцет. Искористете го тоа па местата на кои не сакате да доаѓаат попрскајте ги со оцет. На овој начин ќе го избегнете гребењето по покуќнината.

– Зачувајте ја градината од мачки. Оставете оцет таму каде на сакате да ги гледате.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1