Нема да ви текне да ги ставите на себе – што се има во козметичките производи


Нема да ви биде сеедно кога ќе дознаете што се има внатре во производите кои прават да се чуствуваме поудабно и поубаво

flylashesИзмет од кит се наоѓа во…

Дали е можно парфемите да имаат врска со изметот? Можно е. Во прашање е измет од кит, или пак нивната повраќаница која се нарекува амбергрис. Амбергрисот се смета за вистинско морско благо, бидејќи еден килограм од ваквата материја, чини околу 10,000 долари.

Шкргите на рибата во лакт за нокти и маскари

Гуанин е кристална супстанца која создава светкав ефект. Тој се наоѓа во шкргите на рибата, а влегува во состав на маскара и лаковите за нокти. Размислете малку – знаете ли како светкаат шкргите на рибите?

rby-7-biggest-beauty-sins-sleeping-with-makeup-mdn

Карминот, сенката за очи и сапунот имаат исти состојки

За сапунот веројатно некогаш слушнавме дека се прави од лој, но руменилото и сенката за очи? Тоа е веќе премногу. Да се потсетиме, лој се прави така што маснотиите ќе се отстранат од мртвите животни, а потоа ќе се сварат.

Динамит во дезодорансот?

Еден вид на камења се користат како состојки за правење на динамит и дезодоранси кои ги користиме секојдневно. Белиот прав влегува во составот за прашкови и избелувачите на забите.

Ланолин и крема за бричење

Дали сте слушнале за ланолин? Ланолин е природна маст, која ја штити волната на овците. Кремата за бричење, балсами и лосионите ја содржат оваа состојка. Во овој случај барем ниту едно животно не морало да страда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1