Нема договор во Пржино – Хан бил разочаран – денес истекува рокот


Не успеавме да имаме финален договор, иако имаше прогрес во приближување на ставовите за одделни теми. Разговаравме сериозно за законот за „свиркачите“, за „бомбите“ и се согледуваат повеќе стандарди и се надевам дека ќе треба да се направат повеќе напори за ставовите да бидат прифатливи, изјави утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по неуспешните преговори во резиденцијата на ЕУ во Скопје.ilija dimovski

– За денеска ни е најавен повторен состанок помеѓу работните групи, а ние ќе останеме целосно посветени за да се постигне конечен договор. Мислам дека во следните денови ќе најдеме решение. Конечен договор нема, но има приближување на ставовите, но свесни сме за роковите според договорот од Пржино. Најголем дел од денешните дискусии беа за Законот за влада, кој има многу нешта што до сега законски на пример ги немаше во нашето законодавство – истакна Димовски.

Не успеавме да најдеме договор. Многу сум разочаран што не успеавме да изнајдеме решенија според претходните договори од јуни и јули годинава. Сеуште има надеж да се најде решение и се надевам дека ќе биде препознаена сериозноста на ситуацијата. Дефинитивно, денеска не беше добар ден. Мислам дека утре ќе биде подобар за да се најде решение кое е неопходно и да останат активни евроаспирациите на земјава, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.han

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека договорот не е постигнат и рече дека преговорите заглавиле кај законот за бомбите и кај законот за преодна влада, односно надлежностите на дополнителните заменици министри.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1