Нема играчки со Путин – Отказ за руските службеници ако не ги затворат сметките во странство


Рускиот претседател Владимир Путин им даде на руските службеници рок од три месеци да ги затворат сметките во странски банки или во спротивно ќе добијат отказ.

217353_putin-afp_fСпоред новиот пропис руските службеници мора да поднесат пријава за својата имотна состојба до 1 јули.

Шефот на кабинетот на Путин, Сергеј Иванов изјави дека тие до овој рок ќе мораат да ги затворат сметките во странските банки. Оние што поседуваат недвижности во странство ќе мораат да објаснат како ги купиле истите, а тие што нема да можат да достават образложение ќе бидат отпуштени.

Портпаролот на Путин Дмитри Песков истакна дека нема да има „недопирливи“.

Путин ваквата мерка првично ја најави во говорот од декември минатата година, во рамките на борбата против корупцијата.

Миа

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1