Нема класична настава над трето одделение за училиштата во Скопје, вели Филипче


Скопските училишта нема да имаат избор за настава со физичко присуство на ученици над трето одделение на почетокот на октомври, учениците од повисоките одделение ќе мора да учат онлајн.

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за РСЕ со цврст став дека другите училишта може да добијат дозвола за настава во живо и за одделенија над трето, но училиштата во Скопје нема да добијат амин од министерството за здравство.

  • Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа, изјави Филипче.

Од друга страна, од министерството за образование за Канал 5 објаснуваат дека крајниот збор ќе го има владината комисијата која ќе процени дали некое училиште ги исполнува условите согласното протоколите донесени од Владата, без разлика дали е во или надвор од Скопје.

  • Владина Комисија одлучува кое училиште ги исполнува условите за започнување на училишната година со физичко присуство согласно однапред утврдени критериуми и усливи во Планот и Протоколите. Оваа Комисија е составена од преставници од МОН, Министерство за здравство и Канцеларијата на претседателот на Владата, велат од МОН.

Директорите на основните училишта во скопски Центар, општина каде има многу поголема концентрација на ученици, сметаат дека доколку е можно физичкото присуство на учениците е подобра опција од онлајн учењето, вели за Канал 5 градоначаникот Саша Богдановиќ, но ќе ја почитуваме крајната одлука на Владата и МОН кои допрва ќе проценат. Коментирајќи го ставот на министерот Филипче, Богдановиќ смета дека треба да се донесе една одлука која важи за сите скопски училишта.

За одлуката училиштата да ги отворат вратите на 1 октомври, министерот Филипче, објаснува дека од здравствен асспект во септември ќе има доволно настани и случувања што можат да ја влошат епидемиолошката слика и важно е да се избегне ризикот за децата во училиште

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1