Раководството на еден кошаркарски клуб од Србија и одложи натпреварите во младинските категории, бидејќи неговите играчите имале лоши оценки на училиште.
Во соопштението на КК Сава од Белград се наведува дека сите натпревари од 18 март во категориите кадети и јуниори се одложуваат на неодредено време, бидејќи голем број од играчите имале недоволни оценки на училиште. Натпреварите ќе бидат одиграни дополнително доколку оценките бидат поправени
„Свесни сме за можните последици по нашиот клуб, но сме уверени дека академскиот статус на играчите е поважен“, стои во соопштението на клубот.
Претседателот на КК Сава Милош Радиќ за Блицспорт појаснува дека клубот спроведува програма наречена „Школуван спортист“, која моменто е наменета за играчи кои одат во средно училиште, а во наредната година ќе важи за оние од основно училиште.
„Училиштето мора да биде на прво место, а во нашиот клуб се обидуваме со таков пристап да покажеме дека децата не мора да одат во Америка за да бидат паралелно се школуваат и се занимаваат со спорт“, вели Ристиќ.
Во КК Сава за лоша оценка не ја сметаат само единицата, туку и двојката