Собранието на денешната пленарна седница не успеа да ги изгласа Законот за јазици и новите уставни судии поради немање кворум.
Во собраниската сала беа присутни 52 пратеници, па со оглед дека се потребни 61 глас За, седницата не се одржа.
Џафери го одложи гласањето за во четврток во 12 часот.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ одлучија да не се вратат во Собранието.