Нема лапање пари и од кампањи и новинарство – Новинари, водители да ја замрзнат работата ако работат за партии


Уредници, новинари, водители на програма и презентери ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии.

zeni politikaАко се определат да учествуваат во вакви активности, нивниот ангажман во програмите на радиодифузерите ќе се стави во мирување од денот на распишување на изборите до нивно завршување, а предвидени се и високи глоби ако ова не се почитува. Ова е еден од новитетите вметнати во драфт-верзијата на Изборниот законик како сосема нов член за кој пратениците дополнително ќе дебатираат најверојатно во наредниот месец.

Глоба од 1.500 до 3.000 евра ќе му се изрече на радиодифузерот ако уредници, новинари, водители на програми и презентери учествуваат во предизборни кампањи, а за медиумите што нема да известуваат избалансирано за изборниот процес е предвидена глоба од 3.000 до 5.000 евра.

– Од денот на распишување на изборите до нивно завршување, радиодифузерите, електронските публикации не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на Градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања – е еден од новите членови што ќе се најдат на разгледување пред пратениците.

Само жена може да замени жена

Според новитетите во драфт-верзијата, која денес ќе биде ставена на маса пред работната група од ресорното министерство, членови на политичките партии, претставници на ОБСЕ и на ДИK, ако на жена пратеник ~ престане мандатот, според основите утврдени во постојниот Изборен законик, на нејзино место пратеник станува наредниот кандидат од листата, кој исто така мора да е жена. Истото важи и за прекинување на мандатот на советник-жена на чие место ќе мора да дојде претставник од истиот пол.

Повеќе на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1