Нема летање дронови низ Македонија без дозвола – возите авион или дрон речиси исто ќе ви се фаќа


Беспилотните летала не смеат да летаат близу Владата, Министерството за одбрана, објектите на МВР и АРМ, Собранието, дипломатските преставништва, за снимање во близина на овие институции потребна ќе е посебна дозвола од институциите. Дроновите не смеат да  летаат за време на натпревари и протести. За да летате дрон ќе ви се фати исто како да возите авион – ви треба дозвола, лиценца/сертификат за пилотирање, дозволена маршута од надлежната контрола за летање

drones530x290040215155141

Летот на дроновите е ограничен на 500 метри во хоризонтала и 150 метри во височина од местото каде што се управуваат од пилотот. За подолги летови пилотот ќе мора да има сертификат за безбедност, да му биде одобрен метод за летање и да биде пријавен во Агенцијата за цивилно воздухоплоство.

Уредбата е објавена во Службен весник, а потврдија и од Агенцијата за цивилно воздухоплоство (АЦВ)

Со развој на технологијата се појави можност на ентузијастите да ги користат дроновите за најразлични цели – некои и ги злоупотребуваа како инцидентот на фудбалски натпревар во Србија кога со дрон се развеа знаме на голема Албанија среде стадионот. Дроновите масовно се користат и за известување за вести или пак кај нас конкретно се употребија снимките од дронот за време на протестите. Но според овој нов закон дронот не смее да се вперува кон лица, објекти (најмалку да е на 50 метри растојание) и собир на луѓе.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1