Ако синоќешната слика беше потопени и пропаднати автомобили и откорнати дрвја, денеска ако се прошетате низ Скопје, нема ни да препознаете дека такво нешто воопшто се случило, на фотографиите кои ги објави Точка се е суво.
Улиците и булеварите низ Скопје се целосно исушени, единствено кај натпатникот на булеварот Војводина се’ уште може да се забележи кал и делови од гранки по патот, но екипите на Град Скопје, работат на теренот и ја расчистуваат локацијата.
Подвозникот кај стоковната куќа мост е прооден, нема никаков застој на сообраќајот. На оваа локација синоќа два автомобили беа заглавени до половина.
Улицата 808 во Автокоманда, поточно онаа каде се сместени фабриките „Пивара“, „Алкалоид“, „Европа“ е една од ретките каде се’ уште има големо количество на вода, но и на оваа локација интензивно работат екипите на Град Скопје.
Дали невремето најавено за попладнево повторно ќе направи хаос останува да се види – еве ја вонредната временска прогноза
ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: За еден час почнува да врне – вечер уште посилно невреме
Фото – Точка.ком.мк / Kurir.mk